Заедно сме седум години и желбата да бидеме младенци на „Галичка свадба“ ние е сон, кој еве ни се освари. Одлуката ни е заедничка. Желба имавме уште од почетокот на нашата врска, велат Лилјана Михајлоска(25) и Јован Филипоски(28) , кои годинава ќе бидат зет и невеста на „Галичка свадба“.
Двајцата живеат во Гостивар, но зетот е по потекло од Галичник.
-Потекнувам од Галичник и одсекогаш сум мечтаел да бидам зет. Со Лилјана заедно одлучивме да се пријавиме на конкурсот и среќни сме што сме избрани. Секоја година сум дел од оваа мнифестација, ја негувам традицијата. Сум бил како статист, а и татко ми секоја година учесвува во коњаницата. Во нашето семејство ова е традиција што ја негуваме. Имаме куќа, секое лето сме таму и сакаме да придонесеме да доѓаат што повеќе туристи да ја видат таа убавина што се крие. Кај нас во семејството се почитува традицијата и обичаите, особено оние од Галичник, вели зетот..

Лилјана е гостиварчанка, нема галичко потекло, но е среќна што ќе му се исполни желбата на Јован. Особено е среќна денес, бидејќи и е роденден и денес на прес конференција беа претставени на јавноста.
На пресот по обичај одекнаа зурлите и тапаните на Мајовци, најпрво со невестинското, а потоа и со орото за свекрвата.
-Сакав и јас секако, да ја продолжиме традицијата. Апелирме до младите да бидт дел од оваа манифестација. Секое лето одиме во Галичник, но само еднаш бев статист. Навистина беше интересно и голем предизвик, бидејќи не е лесно да се носи носијата, вели Лиле.

Бидејќи и двајцата се од Гостивар се знаат многу одамна, прво биле пријатели а потоа се родила љубовта.
-Гостивар е мал град, се знаевме од претходно, неговиот брат ми беше другар, учевме заедно. Така и се запознавме, преку брат му на Јован. Моето семејство е патријархално и ги почитуваме традициите, вели Лиле.
По завршување на Галичка свадба, каде ќе го склопат црковниот брак, Лиле и Јован веќе наголемо се подготвуваат за свадба, која ќе се одржи на 11 октомври во Гостивар.
Лиле студирала економија и бизнис во Винеа, а сега е при крај со магистерските студии. Но, по магистрирање ќе се врати во Гостивар, каде ќе продолжи со семејниот бизнис.

Јован, пак, дипломирал на Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство, дипломиран компјутерски инжинер.
По седум години врска Јован и Лиле се свршиле во јануари годинава, а Јован ја запросил уште во август 2023 година на празникот „Пресвета Богородица“. Прстенот и го ставил на рака во Виена, на место кое било многу интимно за нив.

-Јован е многу трпелив, добар е со мене и секогаш е тука да ми помогне. Се надополнуваме, се сакаме и се почитуваме, а тоа е најважно, вели Лиле, а Јован дополни:

-Нашата љубов се градеше долги години. Едноставно свативме на крај дека еден без друг не можеме. Купив прстен и специјално за тоа отидов во Виена. Лиле е прекрасна, нејзината трпеливост, добрина, знае да ми се најде во некои одлуки, ме поддржува. Се што правиме правиме зедно. Имаме многу големо разбирање, почитување и многу љубов, вели Јован.