Врховниот суд денеска донесе одлука судењата за пожарот во диксотеката „Пулс“ од Кочани да преземат судии од Основниот кривичен суд – Скопје.
„Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија, денес на 25 јуни 2025 годинa донесе Решение КР-35/25, со кое за стварно и месно надлежен суд за постапување по предметот КООА.бр.13/25 на Основен суд Кочани, оформен во врска со пожарот кој се случи на 16 март 2025 година во дискотеката „Пулс“, го определи Основниот кривичен суд Скопје“, стои во соопштението.
Досегашната постапка речиси целосно се одвиваше во судот во Кочани и Вишото обвинителство – Штип. Кочанскиот Основен суд побара некој друг суд да го преземе судењето, бидејќи нема капацитети. Кочанскиот суд има само пет судии и не е во можност да постапува во вака обемен предмет, како што е пожарот во дискотеката.