СДС повторно фатени во лага! Овој пат, лажат дека членовите на нашите сестрински партии од ЕПП денес гласаа против, бидејќи јасно се гледа на фотографијата подоле, дека освен Бугарите – другите гласаа ЗА.
-Бугарите, добија поддршка од социјалдемократите, благодарение на СДС и нивните заложби, да гласаат против Македонија. Наместо да ја поддржат борбата на ВМРО-ДПМНЕ за достоинствено претставување на државата во Европа, СДС се сити и сака да ја гледа Македонија во неуспех. Зошто СДС работи против Македонија? Зошто СДС сака да го уништи достоинството на Македонија? Зошто СДС 30 години наназад работи спротивно на интересите на граѓаните? Да појасниме, Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) на 24 јуни 2025 година го усвои Извештајот за напредокот на Македонија, подготвен од известителот Томас Вајц. Во документот, како резултат на континуираната посветеност и принципиелниот пристап, со широко мнозинство се потврдуваат македонскиот јазик, македонскиот идентитет и европската перспектива на државата, велат од ВМРО ДПМНЕ и додаваат:
-Во изминатите три децении, доколку како општество и политички чинители дејствувавме со јасни цели, многу од предизвиците ќе беа поинакви – но барем немаше да бидат поврзани со оспорување на нашето постоење. Ние сме Македонци. Со свој јазик, историја и чувство за припадност. Оваа постапка од страна на Европскиот парламент не е крајна цел, туку охрабрување да продолжиме по патот на реформите, владеењето на правото и институционалната стабилност, се вели во соопштението од партијат.