По мозочната смрт на две деца чии тела беа извадени од реката Арахтос во источниот Епирски регион во Грција, родителите донесоа одлука да ги донираат органите на нивните деца. Станува збор за Ниси, 12-годишно дете од семејство на Албанци мигранти во Грција и на Спирос, 15-годишен Грк, кој тргнал да му помогне, но и двајцата завршиле на дното на реката. Двете деца беа извлечени од реката и вратени во живот, меѓутоа, поради тоа што долго време биле под вода, констатирана е мозочна смрт кај двајцата.
На 17 јуни беа извршени поголем дел од трансплантациите. Единаесетгодишно момче доби рожница од 15-годишниот Спирос, кој му даде втора кое страдаше од вродени проблеми со видот. 11-годишниот примател претрпел сериозна инфекција пред неколку дена и бил еден чекор поблиску до губење на левото око. Благодарение на дарежливоста на родителите на 15-годишникот, ова момче сега има можност да го живее остатокот од својот живот здраво.
„Се случи чудо“, коментирала мајката на 11-годишното дете.
Црниот дроб на 15-годишниот Спирос беше успешно трансплантиран кај 43-годишен пациент со рак во Народната болница во Атина, додека трансплантација на бубрег беше извршена и кај 53-годишник во истата болница. Трансплантацијата на бубрег од Спирос беше извршена кај 32-годишен маж.
Органите на 12-годишниот Ниси беа трансплантирани на приматели во Грција, Италија и Германија
Во голема болка, таткото на Ниси раскажува како се случил трагичниот настан и зошто решил да го донира срцето на својот мал син.

Во интервју „Топ ченел“ Бледар Фетолари, тој вели дека сакал срцето на неговиот син да живее, иако самиот не можел да преживее.
„Заминав со сопругата и најмалиот син, отидов како и сите други, имигранти на работа во Грција. Останав некое време таму каде што работев, бев без документи, имав само документ од државата што ми го дадоа за една година, работевме во земјоделство.
Тој ден сопругата беше на работа, јас бев дома, ми се јави еден сосед и ми рече ајде да бараме работа. Син ми тој ден беше дома, не беше на училиште. Кога се вратив дома, синот беше излегол, јас оставив неколку евра на фрижидерот, тој ги зеде и излезе. Седев на софата, надвор, пушев цигара кога Лео, момчето што ги спаси и ги извади од водата, ми се јави на телефон.
Ме праша каде сум, му велам дома, вели: „Каде е твојот син?!“ Му велам дека беше дома. Ми рече: „Твојот син се дави“. Станав и панично потрчав. Веднаш дојде соседот, ме качи на неговиот мотор и право таму. Во тоа време ги вадеа децата. Не ми дозволија да гледам. Го однесоа синот во болница со неговиот другар Спиро. Го вратија во живот со апарат. Срцето почна да му чука, додека јас бев во полициска станица.
Кога полицијата се јави во болница, рекоа дека децата се живи, но мораше да видиме каква ќе им биде реакцијата. Нè пуштија да ги видиме. Само срцето му чукаше. Се обидуваа два или три дена да го вратат во живот, но за жал, не успееја. Лекарите ни рекоа дека децата нема да преживеат. Ми рекоа: „Дали сакаш да влезеш и да го видиш уште еднаш“? Јас не можев. Влезе жена ми.
Му реков на докторот дека бидејќи момчето повеќе не е живо, но неговото срце чука, ако срцето на моето дете оди кај некого, независно дали е тоа грчко дете, албанско, италијанско, германско дете… можете да му го дадете срцето на мојот син да живее. Ми се заблагодарија, а и другото семејство ги донирало органите на детето. Не го направив тоа од никаков интерес, туку за срцето на моето дете да остане во живот“, вели таткото Бледар за Топ ченел.
Срцето на Ниси сега е во Италија, а таму беа пренесени и белите дробови. Црниот дроб, панкреасот и бубрезите, беа однесени во болницата „Хипократ“ во Солун каде што следеа трансплантациите кај примателите.

„Се надевав дека ќе се разбудат…“
Двете деца, заедно со уште две другарчиња отишле да се разладат во реката Арахтос, како што правеле секој ден. Но, овој пат тие избрале да нуркаат во најдлабокиот дел од реката.
Според tempo24.gr, Спирос го видел 12-годишниот Ниси дека е во опасност и нурнал да му помогне, но и неговиот живот бил во опасност.
Откако двајцата не испливале на површина, едно од нивните другарчиња истрчало во блиското кафуле, барајќи помош. Луѓето што седеле во кафулето веднаш се упатиле на местото на настанот и ги извлекле децата во бесвест. Откако спасувачите им извршиле кардиопулмонална реанимација, децата оживеале.
„Еден човек дојде на мотор и рече: „Помош, две деца се дават“. Дојдов право таму, имаше чамец. Влегов внатре во водата, но не можев да најдам ништо, шокирано и низ солзи проговори човекот што прв влегол во реката за да ги извлече двете деца и продолжи со потресната приказна:
„Нурнав три пати за секое дете. Човекот што беше во чамецот ги виде децата и ми покажуваше каде се наоѓаат. Имаше многу луѓе таму, 30-40 луѓе. Кога го видов првото дете, како да ми рече: „Тато, извади ме од тука, не можам да дишам“, шокирано проговори Гога Левијан, човекот што прв влегол во реката за да ги извлече двете деца. Потоа рекоа „има уште едно дете“. Влегов внатре, не можевме да го најдеме. Влегов повторно, го најдов, морав да го исфрлам на сила бидејќи беше тежок, беше ладно Се вратив внатре и ги замолив да ме турнат да одам подлабоко. Го извадивме детето, му пружија прва помош, а потоа ми викнаа дека има уште едно дете. Никогаш нема да заборавам како ги изгубив децата. Го направив тоа како да се мои деца.“, вели тој, разговарајќи со „Лајв њуз“.
-Се надевав дека децата ќе преживеат, дека Богородица е со нив… дека ќе се разбудат и ќе го живеат својот живот. Штета, едно од децата имаше 12 години“, заврши Гога Левијан.
Извор: tempo24.gr, top chanel