Шеесетина граѓани на Скопје добиле пресуда со доделен надоместок од Судот за човекови права во Стразбур, откако претходно се исклучиле од системот на парно греење, а потоа продолжиле да добиваат фактури за плажање. Има и такви граѓани, кои никогаш не се приклучиле на системот, а сепак биле задолжени со месечен надоместок. Овие граѓани ја тужат државата за прекумерна должина на граѓанските постпаки.
Во пресудата на Судот за човекови права се споени вкупно 57 апликации на македонски граѓани. Претходно биле упатени на спогодување со државата. Откако се согласиле двете страни, различни се износите што треба да им бидат исплатени од Буџетот на државата.
Како што стои во пресудата, на овие граѓани им е доделена нематеријална штета што различна и се движи од 500-800 евра, како и исплата на трошоци, кои се движат од 30-150 евра.
На една од последните седници на Владата, како точна од невниот ред е информацијата за овие пресуди. Спогодбите подразбираат исплата на овие граѓани, кои пред Стразбур тужеле не за фактурите од приватната компанија „Балкан енерџи груп“ (БЕГ), туку за должината на судскиот процес.
Како што пишувавме, во текот на 2025 и 2016 година повеќе од 4000 граѓани ја тужеа БЕГ пред македонските судови, кои добија извршни судски решенија, бидејќи, иако не користат парно греење треба да плаќаат за цевките што минуваат низ нивните станови. Иако не ја користат топлинската енергија, биле задолжени да плаќаат за енергетска моќност, бидејќи цевките кои носат топлина, поминуваат низ нивните станови.
Според некои информации, кои не беа потврдени од БЕГ, околу 20.000 граѓани се исклучиле од системот на некогашна „Топлификација“. По притискот од БЕГ дека ќе тужат, 8000 се вратиле во системот, но останле 12.000 кои одбиле да плаќаат.
Засега не може да се каже колкава е бројката на апликации пред Стразбур, но извесно е дека доколку се работи за прекумерна должина на судскиот процес, штетата ќе ја плаќаме сите, преку државниот буџет.
В.К.