Со инвестиција од 11, 7 милиони евра денеска се пушти во употреба магистралниот пат Охрид-Св.Наум. Патниот правец е во должина од 24,3 км и извршена е целосна реконструкција, a со цел да се подигне безбедноста на сообраќајот се направи и растеретување на одредени косини.
Реконструкцијата опфати целосна санација на коловозот, поставување нова на сигнализација, безбедносни огради и проширување каде што теренот дозволуваше.Направени се и заштитни интервенции на ризичните косини- и сето тоа е со една цел: безбедност, сигурност и долготрајност.
Во продолжение видеото од реконструираниот пат: