Од заседанието на Извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ денеска објави уште 8 кандидати за градоначалници за претстојните Локални избори, со што бројот на имиња се искачи на 33. Поголемиот дел од кандидатите се актуелни градоначалници. За Кочани, како што рече Антонијо Милошоски, во моментов „има други приоритети“. До крајот на јули, како што најави, се очекува да бидат познати сите претенденти на ВМРО ДПМНЕ за Локалните избори.
Во продолжение објавените кандидатури:
Жарко Ристески, кандидат за градоначалник за Македонски Брод; Драганчо Саботковски, кандидат за градоначалник за Могила; Тони Тоневски, кандидат за градоначалник за Пробиштип; Марјан Пеев, кандидат за градоначалник за Богданци; Наталија Димитриева, кандидат за градоначалник за Демир Капија; Ѓорѓи Крстевски, кандидат за градоначалник за Росоман; Стевче Стевановски, кандидат за градоначалник за Новаци и Златко Силјановски, кандидат за градоначалник за Дебарца.