Камерите го забележаа шокантниот момент кога Емануел Макрон, францускиот претседател, наводно е удрен од неговата сопруга Брижит.
Како што покажува снимката, додека се отвораат вратите од претседателскиот авион, женска рака го удира Макрон по лицето. Макрон слета во Виетнам, каде што ја започна турнејата низ Југоисточна Азија, која ќе вклучува и посети на Сингапур и Индонезија.
Видеото е снимено во недела навечер на аеродромот во Ханој. По наводната шлаканица, Макрон сериозно ја гледал сопругата некое време.
По неколку моменти, додека се подготвувале да го напуштат авионот, Брижит се појавила на скалите со францускиот претседател, и заедно се спуштиле на писта.
Според француските медиуми, видеото е потврдено како автентично, а неименуван извор тврди дека „парот во авионот се расправал“.
„Всушност, тоа бил момент кога претседателот и неговата сопруга лежерно, шегувајќи се, ги финализирале подготовките за патувањето. Тоа бил момент на интимност. Тоа нема да биде доволно за теоретичарите на заговор“, додал друг извор на порталот BFMTV.