Украинскиот претседател Володимир Зеленски преку објава на „Фејсбук“ соопшти дека стапиле во сила нови пакети санкции против Русија, усвоени од Националниот совет за безбедност и одбрана на Украина, пренесе Укринформ.
„Денеска стапуваат во сила неколку санкциски пакети. Првиот е насочен кон Руси кои учествуваат во финансирање на терористичките активности на Русија, како и во финансиски манипулации и шеми за избегнување санкции. Вториот пакет ги опфаќа пропагандистите чии лаги ги поттикнуваат руските напади врз Украина. Третиот е наменет за членови на мафијашки групи што имаат значајна улога во воспоставувањето на режимот на (претседателот Владимир) Путин и сè уште се поврзани со него“, изјави Зеленски.
Тој додаде дека се работи на усогласување на украинските санкции со санкциите на ЕУ и други меѓународни организации против Русија.