Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова до Собранието го достави предлогот проф. д-р Трајко Славески да биде именуван за гувернер на Народната банка.
-При донесувањето на одлуката, Претседателката се водеше од стручноста и компетентноста, дигнитетот и интегритетот, како и реалната можност за именување на кандидатот. Би сакале да потенцираме дека изборот беше тежок, со оглед на докажаниот квалитет на сите кандидати, велат од Кабинетот на претседателката.
Претходнос е шпекулираше со името на гувернерот, но како што информира собаниските служби, пликото со предлогот на претседателката е веќе на пријавница ама нема кој да го земе, бидејќи е завршено работното време и дека неговото име ќе се зне утре.
-Предлогот е доставен до пријавница во Собрание. Пликото ќе се отвори утре сабајле кога ќе започне работното време во архива, велат од собраниските служби