Првото и второто полуфинале на Евровизискиот натпревар говодеа Хејзел Бругер и Сандра Студер, а во финалето ќе им се придружи уште една колешка, третата водителка, Мишел Ханцикер.
Мишел (48) е швајцарско-италијанска ТВ водителка и поранешна манекенка. Таа е најпозната по неуспешниот брак со Ерос Рамакоти (61). Тие се венчаа во 1998 година и беа во брак до 2009 година, иако официјално се разделија по четири години.
За време на нивниот брак, Ерос ѝ посветил една од своите најпознати песни, Piu bella cosa, а во 1996 година ја добиле ќерката, Аурора.
Нивниот развод беше обвиен во тајност со години, а ниту Мишел ниту Ерос не сакаа да ги откријат причините за раскинувањето. До пред неколку години.
„Моите родители се разведоа кога бев дете, немав врска со татко ми и мислев дека не ме сака. Затоа бев несигурна и паднав во сектата Воини на светлината, која се базира на минати животи“, рече водителката пред неколку години за германски Билд.
Сектата ѝ забранувала секс, мастурбација, алкохол и пушење, но многу полошо било тоа што ја одделувала од нејзината мајка, спречувајќи ја да има контакт со неа. Не ѝ беше дозволено дури ни да има пријатели, а наскоро мораше да се откаже од манекенството.
„Ме принудија да ја напуштам агенцијата за модели и ме убедија дека морам да ги финансирам. Морав да им ги дадам сите мои пари, а ми се заканија дека ќе ме убијат ако ја напуштам сектата. Ми рекоа дека мојот сопруг е лош кон мене, а јас го сакав“, рекла таа.
Таа додаде дека нејзиниот брак со Ерос завршил кога тој ѝ дал ултиматум.
„Ерос ми рече дека морам да ја напуштам сектата или ќе ме напушти. Јас ја избрав сектата“, призна поранешната манекенка. Таа напиша книга за целото искуство, „Навидум совршениот живот“.
Подоцна, во 2014 година, таа се омажи за претприемачот Томас Трусарди, но тој брак траеше до 2022 година. Со него има две ќерки, Соле и Селест, пренесува Б92.