На 10 минути пред почетокот на концертот на српскиот пејач Пеѓа Јовановиќ, кој требаше од 21 часот да почне во салата „Јане Сандански“, пристигнала дојава за бомба.
Полицијата влегла внатре и ја замолила публиката да ја испразни салата.
Во моментов целата публика е пред сала, а салата ја проверува полиција со кучиња.

-Да, 10 минути пред почетокот влезе полицијата и не замоли сите да излеземе надвор. Во моментов трае проверката. Публиката е надвор, сите сме надвор и чекаме да видиме што ќе се случи. Кога ќе заврши проверката, кога полицијата ќе каже дека може,тогаш ќе почне концертот, велат од организацијата за ММС.
Фото: Вангел Тануровски