Од софиската болница „Пирогов“ беше испишан последниот од најтешко повредените во пожарот во дискотеката во Кочани, на 16 март.
Младиот човек беше пренесен во многу тешка состојба пред 2 месеци заедно со уште 7 тешко повредени лица.
„Сите жртви беа подложени на над 30 големи, сложени, тешки операции и неколку стотици полесни операции. Стотици луѓе од Бугарија и стотици од Македонија донираа крв. Ова му даде шанса на тимот на Клиниката за изгореници и пластична и реконструктивна хирургија, предводен од проф. Маја Аргирова, да изврши толку многу операции. Бугарската држава беше меѓу првите што понуди помош на жртвите од инцидентот во Кочани“, соопшти болницата.
На 16 март, 8 жртви од тешката несреќа беа транспортирани во „Пирогов“. Во тимот што ги транспортираше повредените беше и реаниматорот од „Пирогов“, д-р Кирил Пенчев. Неколку дена подоцна, беше примена и една млада девојка со полесни повреди, која од болницата прва си замина.
БГНЕС