-Судот е мафија, рече таткото на Фросина, Тодор, по изрекување на пресудата од 12 години на Васил Јованов, и демонстративно ја напушти седницата.
По продолжувањет на судењето таткото на Фросина продолжи со забелешките, по што судијката го опомена.
Но, по завршување на судењето Тодор Кулаков пред новинарите рече:
-Ако се завртите, ако ги видите тие илјадници тие црвени раце изналепени, ќе кажам малку им беа. Следните протести ќе треба со црвени раце да го излепиме цел суд. Судиите кога ќе излегуваат од судница ќе ги чекаме со црвени крвави раце. Само така може да се свести ова судство кое ги штити мафијашите. Оваа казна од 12 години е награда за вакво најбрутално убиство во сообраќајот. Притоа ако го обвинувам судот ќе го кажам она што ми влеа прв впечаток кога влегов. Родителите на Васо беа релаксирани. Дали они ја знаеја казната за разлика од претходното рочиште кога бе вкочанети. Зата во држава во која дилерите на дрога и немилосрдни убијци се проглсуваат за светци, спортисти, посветени студенти, како што рече одбраната. Очигледно, најмалку наивно беше прифатено од судијата и судскиот систем, според казнениот систем па ете таква е и срамна пресудата. Убиецот Васо и останатите троица кои биле во колата се прогласени за светци, а загубата на најморбитен можен начин живот на детето ангел, Фросинче, едноставо е небитно. Одамна е докажано дека животот нема вредност токму според законите на оваа недржава. Затоа ова пресуда е срамна и тажна за цело опшество, за сите нас. Знаете, затоа минатиот пат истакнав дека семејствата на убиените, жртвите се со закон целосно исфрлени од постапката, па тогаш и за најѕверски убиства, како што е на Фросинче, од страна на осуден дилер на дрога, Васо, имаме вакви пресуди кои бликаат од нечовечност и со сигурност и најголема веројатност на корупциски скандали, инаку зошто би било вака, рече тој и продолжи:

-Ништо не е сменето. Иако така ни велеа, никој не обрна внимание на мноштво од сведоците кои беа прикривани а должни да одговараат пред законот за уништување на клучни докази, како совозачот Лорен, кој снимал додека се возеле, целосна снимка која ја брише а од која многу други работи ќе беа откриени. Лорен е син на познат скопски кафанџија и затоа ја има цела заштита од системот. Судот е чиста мафија, и вакви мафијашки убици и осудени нарко дилери ги штити и вакви пресуди носи. Наместо Лорен, како клучен сведок, кој никаде не фигурира, да добие кривична за прикривање докази за убиство и сигурно од таа снимка ќе произлезеа докази за многу нови дела и над 20 години ќе беше казната. Но, и другите тројца во колата, кај се? Овој систем нив ги сокри.. Системот треба да одговара за соучество за прикривање на убиство. Откако целиот овој случај е искасапен, како семејство не исклучуваме нашето незадоволство повторно да го изразуваме преку протести пред судовите и судскиот совет кој е главата на трулежот во судството. Тие се тие што вакви криминалци од судии ги штитат и ги бранат. Ќе протестираме ако треба барајќи оставки и смена на ваквиот корумпиран судско казнен систем. Ова сите да го дотуркаме заедно до крај. Многумина на душа ќе ја носат Форсина и ваквиот срамен судски епилог. Арам да им се парите и се друго што добиле како компензација. И Бог нека им суди и пресуди, ние несеоткажуваме, рече таткото на Фросина.