Малкумина би поверувале дека на концерт на Влатко Стефановски ќе се заигра оро, но се зигра на песната „Скопје“, на неговите јубилејни концерти вчера и завчера во Филхрмонија.
Влатко не го криеше задоволството од прекрасната публика, која пак уживаше во неговиот богат опус од кој само дел беа отсвирени за прослава на 50 години богата и успешнакариер. Па неџабе го викаат „светко, а наше“.

Емоции предизвика „Јовано, Јованке“, песна која му ја одбележа кариерата, а публиката му направи чест и стана на нозе.

Влатко почна со неговите соло хитови, а заврши со песни од„Леби сол“. Во средината наконцертот се ојавија и неговите гости, Бајага, но и македонскиот кларинетост Горан Бојчевски, кој живее и работиво Словенија. Секако, за пофалба се и Јан Стефановски на тапани и Иван Куќиќ набас,за кои Влатко рече дека се „чудо од деца“, но и легендарниот клавијатурист Дамир Имери.

И колку и да сака да биде скромен, да не се претерува со епитети кон него, сепак, Влатко уште еднаш покажа зошто е толку голем. Или зошто сите му симнуваат капа…. Имаи зошто…

