4700 иселени од Виница во 2004та, дваесет години подоцна, бројката достигнува 12 илјади лица, трендот на исселување особено од помалите места во земјава никако да запре, вели во денешното издание на емисијата Стадион директорот на Агенцијата за иселеништво Горан Ангелов.
Финансиите но и сигурноста која ја нуди системот во Европските и прекуокеанските земји се најчестите прилчини за иселувањето, додава Ангелов.
- Тој вакум што ги влече нашите луѓе се дефинитивно финансиските средства, платите се таму многу повисоки, но и сигурноста, дека системот оди по шините, се функционира беспрекорно, ако се држиш по патот нема проблем, ако скршнеш тогаш настануваат проблемите, вели Ангелов.
Што земјава прави во овој момент за да ги привлече нашите да се вратат, според Ангелов е особено значајно. Неопходни се како што вели воведувања на финансиски олеснувања по примерот на останатите земји од регионот како Хрватска која има воведено низа мерки за укинување на давачките за оние кои сакаат да се вратат, да живеат или да инвестираат во родната земја.
- Заедно со министерството за надворешни работи и останатите инволвирани институции правиме нова национална стратегија за дијаспора, каде ќе се работи на мерки кои ќе ги стимулираат и ќе бидат додатен предизвик за нашите млади иселеници да се вратат во земјава. Правевме анализа и веќе разговаравме и со директорот на царина за олеснување на давачките, додава Ангелов.
Во денешното гостување директорот зборуваше и за тоа колкав дел од иселениците од земјава продолжуваат да го зборуваат мајчиниот јазик, што е со децата кои се раѓаат во туѓина и што и колку прави државата и особено министерството за образование во насока на зачувување на нашиот јазик кај нашите во странство. Откри и дека неодамна за прв пат до сега било побарано отварање на училиште за изучување на македонскиот јазик во Осло, што е само потврда за се поголемиот број наши кои заминуваат во скандинавските земја.
Целосното издание на емисијата Стадион со првиот човек на Агенцијата за иселеништво Горан Ангелов, на линкот подолу: