Деца од основно училиште уценувале соученичка дека ќе го тепаат брат и, кој бил со здрвствени проблеми, ако не им даде пари. На неколку пати со уцена ја натерале да им даде 25.000 евра.
-Денеска (09.05.2025) во 00.30 часот во СВР Скопје, 52-годишник од Скопје пријавил дека неговата малолетна ќерка, ученичка во основно училиште на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, подолг период добивала закани од двајца соученици дека физички ќе го нападнат нејзиниот помал брат, кој е лице со здравствени проблеми, доколку не им даде пари. Според пријавеното, таа била принудена и во повеќе наврати им давала пари, при што од домот одзела вкупно 25.000 евра. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, информираат од МВР.