По вчерашното пукање во кафуле во Штип се појавија шпекулации дека мажот во кој е пукано е само повреден, потоа дека починал на лице место, а се појави и информација дека кога со возилото на Брза помош бил носен во болница бил жив, потоа починал в болница.
Кога починал странскиот државјанин денес со соопштение објаснија од ЈЗУ Клиничка болница Штип.
-Пациентот Е.О. странски државјанин роден 2000 година е донесен во Клиничка болница –Штип после 21 часот. Кај нас е донесен без знаци на живот. Од страна на докторите реанимиран, но безуспешно. Во 22.10 прогласена е смрт, информираат од ЈЗУ Клиничка болница -Штип.
Според болнички извори на ММС сега починатиот по пукањето се уште бил жив.
-Сега починатиот давал знаци на живот во возилото на Брза помош, каде бил интубиран. Меѓутоа, во моментот кога бил пренесен, престанал да дава знаци на живот, по што докторите почнале да го реанимираат, а го ставиле и на машина за механичко дишење, но повредениот, за жал, починал порди големите повреди. Лицето имло осум прострелни рани од четирите примени куршуми, кои влегле и излегле од од неговото телото. Неофицијално, убиецот испукал осум куршуми, од кои четири завршиле на телото на убиениот, велат извори на ММС.