„Евент“ продукција го најавува првиот концерт на Пеѓа Јовановиќ и неговиот Big Concert Orchestra во Скопје! Концертот ќе се одржи во четврток, 15-ти мај, во С.Ц. „Јане Сандански“ со почеток во 20 часот. Пеѓа Јовановиќ, човекот кој наместо со скандали и медиумски афери само со своите песни и емотивните изведби на неговите концерти буди море од чувства, дефинитивно прераснува во еден од најпопуларните и најбараните пејачи во последниве неколку години.
Во 2023 година, Јовановиќ го издаде својот прв албум „24/7“ со 10 песни, секоја од нив придружена со видео спот. Песните од албумот остануваат на врвот на музичките листи и по една година од издавањето, потврдувајќи го неговиот статус како музичка икона. По издавањето на албумот, следуваа осум распродадени „МТС сали“ во 2023 година и три распродадени „Сава Центри“ во 2024 година, покажувајќи ja наклонетоста кон неговите песни на неговата публика.
Успехот на Пеѓа Јовановиќ се должи не само на неговите авторски песни, туку и на извонредните преработки на песни од неговите колеги, кои добиваат нов живот преку неговиот уникатен, оригинален и суптилно емотивен стил на нивна изведба.
На 15-ти мај подгответе се за вечер исполнета со емоции, љубов и незаборавни хитови кои харизматичниот пејач со моќен вокал и уникатна енергија, ќе и ја донесе на својата публика во македонската престолнина. Очекувајте ноќ исполнета со најголемите балади и енергични песни кои ја освоија публиката ширум Балканот, како и специјални музички изненадувања, како негови гости на скопскиот концерт.
Влезниците се во продажба преку www.vleznica.mk – резервирајте на време и бидете дел од едно од најголемите музички случувања оваа пролет! Пеѓа Јовановиќ во Скопје – таму каде што срцето пее…