– ММС
Вести Македонија

34 годишниот Али Бектеши е полицаецот кој утринава беше прегазен од воз во Маџари

Само 34 години имал Али Бектеши, полицискиот службеник, кој почина на лице место утринава откако автомобилот во кој се наоѓал беше прегазен од товарен воз кој сообраќал на релација од Табановце кон Скопје.. Тој бил вработен во полициската станица во Гази Баба.

Од полицијата велат дека увидот се уште трае и дека допрва ќе се утврдуваат причините за несреќата. Известен е јавен обвинител од ОЈО Скопје кој е на терен.

Во меѓувреме пријатели и познаници изразуваат сочувство до семејството на Али Бектеши преку социјалните мрежи.

Превземено од: fokus.mk

Лограње

X

Регистрација