Недостасуваат уште три имиња, за да се комплетира листата на кандидати за градоначалник на ВЛЕН во општините со албанско население. Се очекуваат уште кандидатите за Липково, Арачиново и Студеничани.
Во продолжение имињата на кандидатите по општините: Менди Ќира – Струга; Џемаил Ќупи-Дибар; Абдула Бајрамовски-Долнени; Фатмир Беќир Лимани-Кичево; Висар Адеми-Гостивар; Али Синани-Врапчиште; Фатмир Сабриу-Боговиње; Хаким Рамадани-Бервеница; Билал Касами-Тетово; Амир Елези-Теарце; Блерим Сејдиу-Желино; Мухамед Елмази-Сарај и Висар Ганиу-Чаир.
Локалните избори треба да се одржат во октомври годинава. Претседателот на Собранието, Африм Гаши најави распишување на изборите за крајот на јули, почеток на август.