Со протести организирани од најголемите грчки синдикати, традиционално, како и секоја во Грција ќе се одбележи Денот на трудот, јави дописничката на МИА од Атина.
Синдикатите на вработените во приватниот и во државниот сектор закажаа генерален штрајк во кој учествува и Поморската федерација со што бродовите и траектите во цела Грција денеска ќе останат закотвени, а проблеми ќе има и во јавниот превоз во Атина, со оглед на тоа што автобусите, тролејбусите и метрото ќе сообраќаат само неколку часа.
Главното барање на синдикатите е враќање на 13 и 14 плата, но и зголемување на платите.
Претпладнево закажани се протести во центарот на Атина, но и во Солун и во други грчки градови.