Куферите изгледа се спакуваа уште од вчера, па нешто по 15 часот, неколку колони на возила чекаат на Граничниот премин Богородица за влез во Грција. Од она што може да се види на камерите на ЈП Државни патишта, не се чекало да заврши работниот ден, па на пат се тргнало по „скратеното работно време“.
Оваа година Меѓународниот ден на трудот се празнува во четврток, додека петок е редовен работен ден, по што следи викенд. Со ден од одмор, овој мајски мини одмор добро ќе дојде за оние што празникот ќе го поминат покрај Егејското море.
АМСМ информира дека засега на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.