Милиќ Вукашиновиќ неодамна ја напушти болницата каде што помина четири месеци поради ампутација на ногата, а сега проговори за медиумите за својата здравствена состојба.
-Добро сум, вежбам низ куќата, блиску сум до фрлање на сите помагала и застанување на нозе… Поминаа 10 дена откако се вратив дома, поминав четири месеци во болница за рехабилитација, таму е посебен свет. Се сеќавам на првиот пат кога влегов, 120 луѓе, некои без една нога, некои без обете нозе, имаше и жени. Најважно е да си добар во главата, да бидеш храбар, а да бидеш храбар значи да го продолжиш искуството на животот каков што бил пред да ти се случи лошото, тоа лошо не смее да го расипе – рече Милиќ, а потоа откри дека сè уште има болки, но, сепак, тие се многу послаби од претходно:
-Сè уште имам некои од тие фантомски болки, но се многу послаби. Кога ја вадам протезата, секогаш имам чувство како ногата да ми е спуштена, ми трне. Офкам, па Сузана ќе се исплаши.Да не беше сопругата Сузана, немаше да можа сам да го пребродам овој период, рекол Милиќ, а потоа се осврнал на периодот на лекување од алкохолизам:
-Бев периодичен алкохоличар, пиев до клиничка смрт, па затоа ме лекуваа. Тоа беше пред 20 години, а сега можам да гледам и да не отпијам ни голтка… Бев толку пијан што не се сеќавам, се разбудив на кревет поврзан со инфузија, погледнав од страна и видов дека сите до мене беа зависници од дрога. Во тоа време бев со мојата поранешна сопруга, таа викнала брза помош, додаде тој, пренесува курир.рс.