МВР информир за трагедија која се случила ноќеска во Скопје. Во судир меу моторче и тротинет упрвувани од малолетници, загина возачот на моторчето.
-На 27.04.2025 во 02.28 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Цветан Димов” во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „пиаџо беверли” со скопски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од Скопје и електричен тротинет управуван од 14-годишник од Скопје. Од здобиените повреди на местото починал мотоциклистот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека, 14-годишникот се здобил со телесни повреди констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза”. Увид на местото на несреќата извршиле екипа од СВР Скопје и јавен обвинтиел, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција. По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, информират од МВР.