Полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај во Кичево утрово во 02.00 часот, го лишиле од слобода М.Б.(63) од Кичево.
При сообраќајна контрола на локален пат во кичевската населба Горица, како што соопштија од МВР, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,04 промили алкохол во крвта.
М.Б. бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297 А од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.