Во најновото издание на емисијата Стадион тема на разговор е улогата на црквата, придонесот кој го имаше папата Франциск, можни наследници, како и улогата на црквата во општеството.
Според Оливер Шамбевски, поранешен амбасадор во Рим, црквата мора да го пронајде своето место во општеството и на луѓето да им понуди стабилност.
„Црквата мора да најде улога во 21 век која што на општеството ќе му понуди стабилност и точка, ќе биде стожер околу кој што ќе може секогаш да ги препознаете светилник, што ќе ви покажува секогаш каде се вистинските вредности. Во однос на тоа кој ќе го наследи папата, сметам дека трката е отворена и дури се можни и изненадувања“, вели тој.
Гледајте ја емисијата Стадион на линкот: