Рокерот од „Бијело Дугме“ Младен Војичиќ Тифа призна дека користел опијати и дека уживал во периодот од својот живот кога се предал на пороците.
Во еден момент, Тифа зборуваше за консумирањето наркотици и колку уживал во недозволени супстанции.
-Кaаков пекол? Јас тогаш пиев пиев за да се чувствувам добро. Земав дрога за да се чувствувам добро. Каков пекол? Тоа е само за будали. Мешав сè и сешто и уживав – рече рокерот без трошка срам, наместо да влијае на младите да не го следат истиот пат.
-Никогаш не се каам за ниту една моја постапка. Знам дека постои само еден живот. Во мојот случај, многу е важно сè да правам од срце. Штом почнеш да го користиш мозокот, тогаш пресметуваш, а јас сè правам спонтано и рефлексивно – рече тој како гостин во емисијата „Балкан инфо“.