Премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук објави дека се укинуваат визите за македнските граѓани за Обединети Арапски Емирати.
-Последната посета на Обединетите Арапски Емирати го донесе првиот конкретен резултат. На наше барање, тие ги укинуваат визите кои беа потребни за патување кон оваа земја! Наскоро со конкретната примена на одлуката за без визното патување ќе се влијае на посилна економија, слободно патување, зајакнување на меѓусебното партнерство. Се бориме на секој можен начин да се помогне на нашите граѓани, и со секој ден да се носат промени за заедничката иднина. Нека е честито, напиша премиерот.