Никој не го оспорува фактот дека папата Франциско беше заштитник на сиромашните, на маргинализираните, на онеправданите…
Неговите постапки не се однесуваа само на посветеноста на мирот, на постојаното негово „не“ за секакво превооружување и заштита на имигрантите.
Папата Франциско исто така бил милослив кон затворениците. За тоа сведочи неговиот последен гест што го направи непосредно пред неговата смрт, како што откри монсињор Бенони Амбарус, шеф на добротворна организација и пастор во затворот во Рим.
Папата од својата лична сметка донираше 200 илјади евра во фабриката за тестенини во малолетничкиот затвор Казал дел Мармо во Рим.
„Му реков дека имаме голема хипотека за оваа фабрика за тестенини и ако можеме да ја исплатиме, ќе ја намалиме цената на тестенините, ќе продадеме повеќе и ќе вработиме повеќе деца. Тој ми одговори: „Ги дадов речиси сите пари што ги имав, ама имам уште нешто на мојата сметка.“ И ми даде 200 илјади евра“, рече монсињор Бенони Амбарус.
[ИЗВОР] newsbomb.gr