Легендарниот гитарист Карлос Сантана имал здравствени проблеми поради кои бил принуден да го откаже планираниот настап во Тексас.
77-годишниот изведувач бил хоспитализиран и под опсервација откако му се слоши неколку часа пред концертот, изјави неговиот менаџер Мајкл Врионис во изјава за ДејлиМеил.
Сантана требало да настапи во театарот „Маџестик“ во Сан Антонио како дел од неговата турнеја „Единство“ во 2025 година, но укажана му била итна медицинска помош.
„Господинот Сантана беше во театарот „Маџестик“, се подготвуваше за вечерашната претстава кога го доживеа проблемот за кој е утврдено дека е дехидрација“, рече Врионис. „Поради претпазливост за здравјето на г-дин Сантана, одлуката да се одложи настапот беше најдобра“.
Менаџерот на Сантана истакна дека виртуозот на гитарата, кој стана хитмејкер, „добро се снаоѓа и со нетрпение очекува наскоро да се врати во Сан Антонио, како и да ја продолжи својата турнеја во САД, пенесув курир.рс.