Обвинителството за организиран криминал во голема акција низ цела држава, се испитуваат јкривични дела со кои му се нанела штета на Фондот за здравство.
„Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, МВР спроведува координирана акција на повеќе локации низ државата. Станува збор за основано сомнение за сторени повеќе кривични дела со кои е сторена штета на Фондот за здравство. Со оглед на обемот на акцијата повеќе информации ќе бидат споделени по нејзиното завршување“, се вели во соопштението од обвинителството за организиран криминал.
Канал 5 објави дека станува збор за обемна полициска операција на БЈБ при МВР во повеќе градови низ Македонија насочена кон сузбивање на организиран криминал и корупција во здравствениот систем. Според нивни неофицијални извори, се работи за долгогодишно незаконско со прикажување на лажни дијагнози, со кои се овозможувало аплицирање, добивање и користење на финансиска помош за туѓа нега на лице и за незаконско стекнување и користење на инвалидски пензии. Дека се работи за мрежа составена од преку 50 лица: доктори, член на комисија во ПИОМ, адвокат, вешто лице, управител на консултантско биро, а претреси се прават и во здравствени ординации,адвокатска канцеларија, службени канцеларии каде работат докторите – на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, Клиничката болница Тетово и ЈЗУ Општа болница Велес.
Против 49 лица се поднесени кривични пријави за основано сомнение за сторени кривични дела: злосторничко здружување, злоупотреба на службена положба и овластување, помагање, примање поткуп, давање поткуп, примање награда за противзаконито влијание и давање награда, брифираат од МВР за фактор.
Во рамки на акцијата, според Канал 5, се спроведуваат претреси на вкупно 21 локација, од кои 15 се на домашни адреси на осомничени службени лица, а во акцијата се предвидува лишување од слобода на вкупно 24 лица.