Американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен објави портрет што рускиот претседател Владимир Путин му го испратил на подарок на американскиот претседател Доналд Трамп во март.
На него е претставен американскиот претседател по обид за атентат, а автор на подарокот е Народниот уметник на Руската Федерација Никас Сафронов, пренесув новости.рс.
На сликата Трамп е прикажан со крената тупаница и траги од крв на лицето – како потсетник на моментот на атентатот за време на предизборниот настап во Пенсилванија на 13 јули 2024 година. Зад него се вее американското знаме, а во позадина се гледаат Статуата на слободата и Менхетен во Њујорк.