Цревата имаат важна улога за здравјето на целиот организам бидејќи влијаат на имунитетот, варењето, расположението и новата енергија во телото. Па, така, одредена храна може да го подобри здравјето на цревата.
Имено, сѐ поголем број нутриционисти и лекари ја нагласуваат важноста на урамнотежена цревна флора и начините на коишто таа може да се поддржи преку исхраната. Одредени намирници, во таа смисла, се издвојуваат бидејќи помагаат во обновувањето на количината корисни бактерии, ги намалуваат воспаленијата и го подобруваат задржувањето хранливи материи. Меѓу корисните намирници се издвојува, на пример. авокадото, бидејќи содржи многу здрави масти и диетални влакна што ја подобруваат функцијата на цревата и го поттикнуваат растот на корисни бактерии.
Редовното јадење авокадо ги регулира и распоредува хранливите материи, ги намалува воспалителните пројави и придонесува за чувство на ситост без оптоварување на дигестивниот систем.
Покрај авокадото, и киселата зелка е една од намирниците богати со пробиотици – корисни бактерии што го подобруваат здравјето на цревната флора. Покрај тоа што придонесува за подобро варење, може да помогне и во намалување на воспаленија и за зајакнување на отпорноста на телото. Во мали количини како прилог во оброк, киселата зелка има корисна поддршка за системот за варење.
Исто така, процедениот јогурт помага во одржувањето здрава рамнотежа на бактериите во цревата. Кога се јаде без додаден шеќер, овој вид јогурт е совршен извор на пробиотици, а истовремено ја обезбедува и потребната доза протеини.
Натаму, и бобинките, особено боровинките се богати со антиоксиданси и соединенија со антиинфламаторно дејство, но и го поттикнуваат растот на корисни бактерии во цревата. Грст боровинки во секојдневната исхрана може позитивно да влијае на рамнотежата на Вашиот микробиотски состав, а истовремено и да уживате во нивниот посебен вкус.