Актуелниот министер за здравство, Арбен Таравари беше гостин во емисијата „Стадион“ на Канал77, во која одговори на повеќе актуелни прашања, како што се превирањата во ВЛЕН, состојбата во Алтернатива за Албанците пред претстојните локлни избори, за состојбата во здравството, но и состојбата со децата по несреќата во Кочани.
На прашањето како е можно прв да зборува за обединување на ВЛЕН, но прв да излезе и што ќе се случува тој рече:
-Пред една година зборувавме за спојување, но сите инсистира дека треб да остнеме четири партии. Реков ако останеве четири треба да излеземе со сопствени советнички листи. Ништо повеќе туку АА да излезе со своја советничка листа, да видиме колку тежиме, колку не вреднуваат граѓаните. Уште пред една година им кажав дека добро би било да се споиме, но немаат интерес. За градоначалници им оствив простор заедно да излеземе, но категорично бевме одбиени од сите во ВЛЕНа. Така да преостанува сите да излеземе со сопствени кандидати. АА ќе оди посебно, а Влен ќе одат со заеднички кандидати. Така кажаа, дека сум се самоисклучил. Е сега што ќе биде понатаму не знам. Дали Владата ќе не отпише? Не знам. Ние не сме родени во Влада. Ако сметат да бидеме во Влада ќе продолжиме, ако не ќе одиме во опозиција. Генерлно ние сме заинтересирани да продолжиме во Влада. Зависи од премиерот, рече Таравари и додаде:
-Не дека не сме разговарале со премиерот, но не прецизно. Кажано е што се случува и кажани се нашите планови. За советнички листи тоа е дефинитивно, за градоначалници ајде да видиме, имаме добри кандидати. Оваа тема веќе беше инпонирана во ВЛЕН поодамна. Но, некако како да ставија ултиматум, одлучи се за два дена. Кампњата е почната веќе од пред два месеци, но темата е од пред две недели, рече тој.
На прашањето дали сето ова е маркетиншки потег, кој на парламентарните се поќажа како успешен. Односно дали ќе се натпреварува за Гостивар?
-Не, сигурно не за грдоначалник на Гостивар. Но, имаме актуелен кој по анкетите стои многу подобро отколку што бев јас. Немам амбиции пак да се кандидирам за грдоначалник. Многу ни значи да излеземе со добар резултат. Велам ВМРО ДПМНЕ победи уште во 2021 година, на локалните избори. Нам многу ни значи колку општини ќе добиеме. Како АА посакуваме да добиеме што повеќе. Па кога ќе се одржат парламентарни би се позиционирале како позначјна партија во албанскиот блок, рече тој и демантираше дека се сретнл со Ахмети.
-Со Ахмти не сум се сретнал, сум се слушнал по телефон. Начелно мислам дека треба да одиме сами, но не ја исклучувам можноста во втор круг некаде со ДУИ да се поддржуваме. Генерално АА ја бие биткта со ДУИ пред 10 години, за да видиме која ќе биде прва партија меѓу Албанците. Ако некој биел битка со нив тоа е АА, другите се нивни деривати, излезени се од ДУИ. Со ВЛЕН гледам дека од нивна страна се одлучени да одат сами и на парлментарни, ако има вонредни. Иако не е разговарано јас мислам да се оди посебно. АА е партија, печатите и членството се кај нас, но партија не се печатите, туку членство. Ако немаш поддршка џабе е, рече Тарвари па додаде:
-Од ВЛЕН не се откажувам, но гледам нема простор за понатамошна сорботк. Со Села? Не су се видел од фебруари 2024 години, ниту планирам да се видам. Но, многу членови од партијата кај Села веќе се кај нас, дури и потпретседателот. Има масовно доаѓање и од тие што останаа кај нас. Со Курти се видовме пред една недела на границата со Косово. Со него имаме добри односи, мислам дека е човек на кој може да се потпира. Но, ние како партија треба да си направиме штабови, да се подготвуваме за избори и пред се најбитен ни е резултатот, кажа тој.
На прашањето дали на претстојните избори кампањата ќе ја базираат врз национализам, Травари рече:
-Мицкоски во однос на нас како ВЛЕН беше коректен, но ние изледавме многу летаргични. Многу е четири партии во едно, делувавме некоординирано, а тоа остава лош впечаток. Се зависи како ќе настапиме на избори, но по сите анкети е дека ВЛЕН е дезориентирана и неорганизирана. Од нашите пратеници не планираат да поминат во ВЛЕН, од кај ДУИ не знам. Но имам информација дека има незадоволство меѓу тие кои се во ВЛЕН и повеќе што мислат слично како ние во АА. Ајде давидиме, одговори Таравари.
Во емисијат тарвари, како актуелен министер за здравство беше запрашан и за состојбата воопшто во ова министерство, но и за несреќата во Кочани и каква е состојбата со децата кои се лекуваат во странство?
-Тројца починаа од тие што ги испративме во странство. Мислам дека нема веќе покритични, стабилни се. Но, секогаш постои ризик од компликација. Мислам дека како екиа успевме релативвно добро да ја изменаираме екипата, мислам и на другите министерства, не само МЗ. Мислам дека ќе ни се вратат живи и здрави сите деца рече тој, а на прашањето за состојбата на Кардиологија тој објасни:
-Здравсвото секогаш имало пробелми. За жал нема магично стапче. Овие девет месеци нзправивме многу, имаме девет нови лекови на позитивната листа, нов колективен договор, вработување на специјализанти, трансформација на работните места, 600 докори и 1200 медицински сестри. Доста нови апарати, нови инвестиции во клиники и болници. Толку се може да девет месеци. На Кардиохирургија едната сала работеше, другата за жал не, но тоа не е причина за проблемот. Јас сум подготвен да разговарам за сите проблеми за да ја подобривме ситуацијата, рече Таравари.
На крајот Таравари кажа дека нема лутење со Мицкоски за скандалот за паркинг на Клиника, бидејќи, како што рече, тој го поништил. Рече и дека на Македонија и треба нов Клинички ценатар, на нова локација.
-Македонија заслужува нов добро оргнизиран клинички. Се надевм дека ќе биде проект за идната година или 2027 година. За тоа се разговара, но се уште немаме што да кажеме. Работиме на нови болници во Штип и Кочани, како и за Медицинскиот факултет во Штип, кжа тој на крајот.