Кристина Атанасова Арсова, советничка од ВМРО ДПМНЕ во Општина Кочани, денес на седницата за избор на в.д. градоначалник си поднесе оставка и низ солзи ја напушти говорницата.
-Пред граѓаните на Општина Кочани дадов заклетва дека ќе ги застапувам нивните интереси. Но, најпрво ќе барам прошка и извинување. Барам прошка и извинување на сите граѓани затоа што не успеав многу работи да реализирам а им имам ветено. Имав храброст и визија, но бев сама. Тоа не беше погодно за челниците на мојот општински Комитет. Тие водени од своите суети и понесени од моќта на функциите, кои за прв пат во животот им се случија, тргнаа по патот на сопствените амбиции, притоа заборавајќи ја доктрината на нашата партија донесена 2021 година. За кандидатите имам да го кажам следново. Едниот својот кредибилитет го гради само преку медиумиски ситни реклами. Сите овие години не се запрашал за правилностите или неправилностите на дискотеката , веројатно му годела збавата во објектот по користење на забранети супстанци. Другиот зедно со своите блиски другарчиња, кој пропагира чесност и солидарност, понесен од влијанието на позицијата, тргна по осовојување на било која функционерска позиција со физички напади и јадење на живи луѓе и не го гласаше буџетот, а сега сака да раководи со него. Сметам дека е корекно функцијата треба да ја превземе претседтелот на општинскиот совет. Мојот здрав разум и заклетва не ми дозволува ниту еден кандидат., рече таа и додаде:
– Во оваа прилика сакам да ја доставам мојата оставка. Мислам дека ова е страшно недостојно и понижувачки. Оние кои ме познаваат знаат зошто го правам ова. Следниот период ќе се посветам на син ми кој е се уште во болница по несреќата. На сите деца кои треба да се вратат и да се рехабилитираат, тоа им е потребно. Периодот ќе биде многу долг. Јас ке се борам за нив со сите мои сили. Сите идеали на овој свет не се вредни колку што се солзите на едно дете, рече Атанасова Арсова и во солзи ја напушти говорницата.
–