- Јас мислам дека ова е прво, пред сè, „добро утро“ за сите во светот, затоа што досега, посебно кај нас, тоа што ние го нарекуваме евроатлантски фундаментализам, нашите политичари пробаа своите неуспеси да ги затскријат зад евроатлантската интеграција. Поставија некои феноменолошки граници, дека ние треба да се навикнеме на нивната неспособност се додека не се интегрираме во тие сојузи, каде што ќе се појават сите добри работи што треба да се појават. Но, како мала држава, мислам дека ова е „добро утро“ за нас, дека нема никој да ни ги штити интересите, освен ние самите. Особено ние на Балканот треба да знаеме дека кога економските и финансиските политики ги наметнуваат поголемите економски центри, дали е тоа ЦЕФТА, дали се асиметричните преговори со Европската унија, дали се тоа договорите за трговија со Светската трговска организација, па и полисите за структурално прилагодување, кои ги потпишуваме на почетокот на 1990-тите – сите тие треба досега да не научат, дека повторно треба да гледаме некако да влеземе во процес на реиндустријализација, да почнеме да градиме сопствени точки на интерес, кои може да ја заштитат нашата економија од корозивни процеси, вели Амар Мециновиќ, пратеник од Левица, во најновото издание на емисијата „Стадион“, на тема „Што се случува кога ќе се сретнат Левица и ГРОМ“, кое можете целосно да го проследите на линкот:
„Политичарите своите неуспеси ги кријат зад интеграциите“ – Амар Мециновиќ од Левица во „Стадион“
