- Јас имав ситуација и со заменик министер, кој што дојде малку и да ми прети во канцеларија. Не е битно кој. Му викам се мислам дали да те фрлам низ прозор или да се чудам на будалаштината што ја кажуваш. Ти знаеш дека на заменик министер не му следува возило? Утре ќе ти го земам возилото. Второ, знаеш дека не ти следи секретарка? За возилото секој ден треба да се јавуваш во СОЗР да ти дадат возило ако идеш негде, не ти следи, ниту шофер. Знаеш дека не ти следи потпис, а сум ти дал потпис? Знаеш дека не ти следи репрезентација? И ти ќе ми кажуваш овде, си бил потценет, сум требал да го информирам, не знам што. Што сакам да кажам, да сум јас министер и да ми го креваат овој вториот, не се родил тој премиер таков. Што ми е поентата – мораш со интегритет, прво да бидеш политичар, мораш да имаш интегритет. Не може да се лигавиш како полжав и да сакаш да бидеш политичар. Како се лигавиш према политичките противници, така се лигавиш према овие надвор, така си ја правиш државата лигава, вели Стевчо Јакимовски, лидер на ГРОМ во најновото издание на емисијата „Стадион“ на тема „Што се случува кога ќе се сретнат Левица и ГРОМ?“, која можете да ја проследите на линкот:
„Ми се закануваше заменик министер“ – Стевчо Јакимовски во „Стадион“
