Познатиот рокер Мик Џегер и неговата долгогодишна девојка Мелани Хемрик официјално се верија во 2023 година, а неговата партнерка сега потврди дека се уште се свршени и дека немаат планови кога всушност ќе се венчаат.
-Свршени сме две-три години. Можеби ќе се венчаме еден ден, можеби не. Немаме планови за свадба бидејќи не сакаме да промениме ништо во нашата врска. Толку сме среќни во нашиот сегашен живот што премногу би се плашела да сменам нешто – рекла Мелани и додала:
-Се трудиме да се поддржуваме, да бидеме еден за друг и да се погрижиме сите околу нас да бидат среќни. Тоа е се што ми е важно и кон што се стремам – изјавила Мелани.
Парот се запозна во 2014 година на концертот на Џегер во Токио. Пријателите на пејачката открија дека тие двајца се во отворена врска, а пред шест години го добија синот Деверо. Мик има уште седум деца со пет различни сопруги, како и пет внуци и една правнука. Претходно извор за американските медиуми откри детали од нивната врска.
-Мик целосно се промени. Многу ги менуваше девојките. Сепак, Мелани и Деверо одат на турнеја со него, па семејството е секогаш заедно. Тоа го прави среќен – изјави за „Мирор“.