Убавината не е само надворешна, туку и она што зрачи одвнатре. Токму овој внатрешен сјај доаѓа до израз кај одредени хороскопски знаци и ги прави неодоливи. Нивната аура, однесување, насмевка и елеганција често засенуваат се околу нив. Ова се три хороскопски знаци кои се истакнуваат по својата убавина.
Вага – природна елеганција и симетрија на лицето
Вагите често се сметаат за најубав знак во хороскопот, а нивната убавина обично е придружена со вродена благодат.
Познати се по своето симетрично лице, совршено обликувани усни, убави очи, младешки изглед и слатки дупчиња на образите кои ги прават егзотични и неодоливи. Вагите имаат дарба да зрачат со доверба и мир.
Познати дами: Бриел Ларсон, Ким Кардашијан, Гвен Стефани, Кејт Винслет), Дакота Џонсон, Аврил Лавињ
Шкорпија – хипнотизирачки изглед и сензуалност
Убавината на Шкорпијата е невозможно да се игнорира. Препознатливи се по изразените црти на лицето и бујните очи во необични, заводливи нијанси. Нивниот поглед продира во душата, проследен со сензуални усни и убава коса. Тие често имаат витко тело, чиста и нежна кожа со посветол тен, што дополнително ја нагласува нивната харизма и мистерија.
Познати дами: Кендал Џенер, Кети Пери, Сиара, Џулија Робертс, Ема Стоун, Ен Хатавеј, Деми Мур, Грејс Кели
Јарец – природна привлечност и препознатлива насмевка
Јарците се познати по својата заводлива фигура и природна привлечност. Иако на прв поглед изгледаат просечно, нивната харизма е неодолива. Тие се истакнуваат со големи очи, обично сина или сива боја, како и искрена, широка насмевка.
Сакаат убаво да се облекуваат и да се изразуваат во мода, па нивниот стил често остава силен впечаток.
Познати дами: Нина Добрев, Сиена Милер, Никола Пелц, Кејт Мидлтон, Кејт Мос