Александар Пандов, директор на Управа за извршување на санкции денес одржа драматична прес конференција за корупцијата во КПД Штип. Во многуте иницијали на затворски полицајци, кои барале, како што рече „нешто во тревникот“, а за кое постои видео, тој рече и дека е најдена „топка во која имало ќеса во која се пронајдени 35 грама веројатно кокаин и околу 50 грама марихуана“ и дека причината што неколку затворски полицајци, како што се гледа на видеото, е што „затвореникот Ж.Ж си играл со кучката Цеца а имал скап часовник, кој чинел пар илјада евра, но го немал пријавено кога е донесен во затворот и Цеца му го земала и трчала низ тревникот и го изгубила“, па да му излезат во пресрет на затвореникот и затворските полицајци го барале часовникот.
Тоа е оправдување од затворските службеници коис е гледаат на видеото.
Во оваа приказна „Си беше еднаш…“ часовникот не е најден, но е најдена дрогата ама затоа Цеца денес е најпопуларната дама во државава. Но, тројца од полицајците не пронашле вина и веруваат дека затворската полиција го бара часовникот, дека кучката Цеца му го однела некаде, а другите тројца најверојатно ќе одговараат.
Толку беше од пресот на дирекоторт Пандев, кој рече дека над 50 проценти од затворските полицајци се корумпирани.
„Има ли некој наивен“, праша Пандов и додаде дека „овие луѓе тоа не го првеле за џабе и потпаднале под парите кои ги имаат затворениците“.
Толку беше и за јавноста, кои и одадаоа признание на Цеца и коментират како успеала со кучешки мозок да ги врти околу малиот прст и затворениците и затворските полицајци.
Бидејќи главна фаца денес е кучката Цеца, ММС успеа да најде фотографија од оваа кралица во затворот во Штип.
Но, која е Цеца?
Извори на ММС велат дека Цеца е дамнешна жителка на затворот, заедно со уште неколку други улични кучиња.
-Во околината на затворот нема куќи и неколу улични кучиња, меѓу кои и Цеца, се населија тука поодамна. Не знам кој и го дал тоа име, но Цеца е улична кучка и омилена кај вработените. Тие ја хранат и неа и другите кучиња. Цеца се шета во и надвор од затворот. Благодарна е што ја хранат и се грижат за неа, а таа им возвраќа со тоа што со лае секогаш кога сака да предупреди дека некој дошол, рече извор за ММС.
Сите кои денес ММС ги контактираше за да дознае нешто повеќе за Цеца ни рекоа дека Цеца не е толку голема шегобијка, па да се шегува со сите. Односно дека Цеца сака само храна..