Скандалот што ја тресе Белата куќа, а се однесува на заедничкиот разговор на соработниците на Трамп на апликацијата „Сигнал“, во кој беше присутен и уредникот на „Атлантик“, Џефри Голдберг, продолжува да привлекува големо внимание во јавноста, а првите резултати од истрагата покажаа како на прво место дошло до вакво безбедносно нарушување, пишува кликс.ба.
Британски Гардијан објави детали од внатрешната истрага на Белата куќа и наведе дека ова безбедносно нарушување следело по неколку погрешни чекори кои биле направени уште во 2024 година и поминале незабележано додека советникот за национална безбедност на Белата куќа Мајк Волц не направил групен разговор на апликацијата Сигнал.
Истрагата предводена од Канцеларијата за информатичка технологија на Белата куќа откри како Валц го зачувал бројот на Џефри Голдберг уште кога Голдберг испратил е-пошта до тимот на Трамп за време на претседателската кампања во октомври 2024 година.
Во е-пошта, Голдберг го критикуваше Трамп за неговиот однос кон повредените припадници на војската. Со цел да се повлече приказната, тимот на Трамп побара помош од Мајк Волц, кој веќе го гледаа како човек кој треба да биде дел од администрацијата на Трамп.
Е-поштата на Голдберг била препратена до тогашниот портпарол на Трамп, Брајан Хјуз, кој потоа ја копирал содржината на мејлот, вклучувајќи го и телефонскиот број на Голдберг, и го препратил до Волц за да може да биде информиран за целата приказна.
„Волц на крајот не му се јвил на Голдберг, велат извори од Белата куќа, но го зачувал бројот на својот iPhone“, пишува Гардијан.
За сето тоа го обвинија системот на iPhone.
„Бројот по грешка е зачуван за време на ажурирање на предлозите за контакт, што е функција каде што алгоритмот на iPhone препознава и додава претходно непознат број на постоечки контакт за кој ќе најде дека е поврзан со овој број“, велат извори за британскиот весник.
Сепак, истрагата сè уште не покажа како Валц претходно бил поврзан со Голдберг, што би требало да биде откриено во наредните недели.
И покрај овој скандал, Трамп сепак го смета Валц за еден од своите најверни вработени и без разлика на притисокот реши да го задржи во тимот, а вината за целата приказна ја обвини – левичарите и медиумите, кои според него објавуваат лажни вести и ја мразат неговата администрација.