По повод Светскиот ден на здравјето во Софиј денес беа наградени сите медицински лице кои учествува во спасуваање на повредените во пожарот во Кочани, а меѓу нив се и македонските лекари, кои работат во Бугарија.
Организатор на настанот беше бугарскиот медиум „24 Часа“, кој веќе 25 години покажува и докажува дека доброто во Бугарија има безброј лица – чесни, храбри, дарежливи, срдечни, нескршливи.

Денешната церемонија, како што наведува медиумот, е посебна церемонија, кој ги преминува границите на Бугарија.
– Пред само 20 дена бевме потресени од трагедијата во Кочани, Северна Македонија. 60 лица загинаа, над 150 се повредени. Но, се виде дека на Балканот можеме да му подадеме рака на соседот. Тага – но и поддршка, сочувство и несебична хуманост. Во згрижувањето на повредените помогнаа медицински лица од Бугарија, Грција, Србија, Турција, Романија, Хрватска, Словенија, рече водителот Најден Тодоров на почетокот на свеченоста и додаде:
„На Балканот не само што сме поделени и зјапаме во границите, туку сме способни за хуманост без граници“.
Присутен беше и г-дин Драган Елчинов од Амбасадата на Северна Македонија во Софија, пишува медиумот.
На свеченоста во Националната палата на културата во главниот град присуствуваа Бугарите кои спасија животи – медицински лица од Воено-медицинската академија, „Пирогов“ и од Итната помош. Покрај нив, на помош им дошле и медицински лица од поморската болница Варна при ВМА-Софија. Сите добија медали и дипломи „Балкан во 1 срце“. Меѓу нив и д-р Марија Кушевска од Кочани, д-р Татјана Ачова од Штип, д-р Костадинов од Пробиштип и д-р Даниел Кировски од Валандово, кои живеат и работат во Бугарија.

„Им благодарам на колегите од сите болници. Добив повици од десетици колеги кои беа во земјава, прашувајќи дали треба да се вратиме и да помогнеме. Луѓето знаат дека кога има таква катастрофа, мора да има сложена организација. Сакам да им се заблагодарам на повеќе од 800 луѓе кои даруваа крв, сигурен сум дека ќе се јавеа и ако сочувствуваме со болката на другите, тоа значи дека не сме изгубени, туку имаме иднина“, рече проф. Николай Габровски, началник на клиниката по неврохирургија в “Пирогов”, пренесува „24 часа“.
На церемонијата зборувала и лекаркт од Итна помош Марија Алекова.
„Нашата професија е сурова и често не принудува да носиме маски, но вистината е дека зад нив стојат нашите срца кои плачат заедно со нашите пациенти. Многупати сме го доживеале тоа што го видовме во Северна Македонија. Се надевам дека ќе има повеќе такви Бугари – храбри и искрени, и дека слични настани почесто се организираат, изјавила докторката.
ФотоЗа ММС од 24 часа, фотограф Илијан Славчев