Започнуваа третата фаза од проектот за изградба на социјалната населба во Струмица, откако веќе е пробиена улицата, поставени тротоарите, уличното осветлување, водоводот и канализацијата на просторот каде ќе биде дислоцирана дивата населба и ќе бидат поставени 118 куќи. Само за првата фаза се потрошени 100 милиони денари. Градоначалникот Костадин Костадинов, рече дека социјалната наслеба е втор најголем проект во историјата на Струмица по воведувањњето на елекричниот јавен превоз.
-Ова е неколку децениски проблем којшто ги мачи и жителите во долното Турско маало и цела Струмица генерално, оти сите сочувствуваме и како Општина првата фаза ја реализиравме со износ од 100 милиони денари и е целосно завршена. Ставени се потпорни ѕидови, изградена е улицата, поставено е улично осветлување и канализација, во втората фаза е поставена водоводна линија, има нов резервоар којшто не ги решава само проблемите на оваа нова социјална населба, туку го решава и проблемот со водоснабдување во горниот дел од градот, изјави Костадинов.

„Ова ќе биде една цела нова населба, еден мини град, каде градежните работи се почнати од нула. На локацијата немаше ништо, а сега веќе има канализација, има струја, има улица и во следната односно последна фаза ќе почне изградбата на објектите. Ова ќе биде населба во којашто ќе се сместат луѓе од ранливи категории кои сега живеат во супстандардни и небезбедни услови. Во овие 118 станбени единици со соодветни стандарди, квалитетот на животот на тие граѓани значајно ќе се подобри и дополнително ќе се решат инфраструктурните проблеми во близина на оваа населба, како што е водоснабдувањето”, изјави Венко Филипче, лидер на СДСМ.
За средства од унгарскиот кредит општиона Струмица аплицирала меѓу другото и со проектот за изградба на првите 26 куќи во вредност од 34 милиони денари/
-Аплициравме до Министерството за локална самоуправа и се надевам дека Владата ќе се издигне над нивните дневно-партиски интереси и ќе даде поддршка за потребите на граѓаните на Струмица. Дополнително имаме доставено уште 12 апликации за многу важни проекти за граѓаните, рече Костадинов, кој апелираше да се поддржат капитални проекти кои се важни за граѓаните.
Градоначалникот во оваа прилика ја повика Владата да не ги кочи веќе почнатите проекти во Струмица, како сообраќајницата на улицата „23 октомври“, за која се завршени јавните набавки, потоа проектот за обезбедување на вода за Банско, при што апелираше до владата да ја распише јавната набавка. Исто така проблемот со поплавувањето на Муртино, за што има проект вреден 136 милиони, ос кои се одобрени 60 милиони за првиот крак, но јавната набавка се’ уште не се распишува.
Градоначалникот Костадинов потсети на ветувањето дека Струмица ќе стане економски – социјален центар.
-Станавме првата општина со целосно електричен јавен превоз. Дополнително општината ги субвенционира билетите. Прва општина сме со реализирана гасификација. Кон мене, советниците и администрацијата се наметна обврската за целосно субвенционирање на приклучокот од 47.000 денари и дополнителни 10 денари за субвенции за гас. Реализирани се 11 км примарна велосипедска мрежа, работиме на поврзување и на селата и дополнително обезбедуваме субвенции за велосипеди. Тоа е потврда на заложбата на „Струмица најпосакуван град за живеење“, рече Костадинов.