Ана Бекута реши да направи мал ремонт, да претрпи трансформација.
Иако Ана Бекута има 65 години овој пат посетила салон за убавина каде се препуштила во рацете на експертите, па направила микровлендиг техника на цртање веѓи која ја подмладила.
Јапонскиот метод, попознат како микроблејдинг, е еден од најпопуларните методи на трајна или полутрајна шминка. Самиот процес многу потсетува на тетовирање, но крајниот резултат е многу пософистициран и природен од која било тетоважа.

Веѓите Ана Бекута решила да ги доведе до совршенство и да ги усогласи со бојата на косата.
Освен Ана Бекута, оваа техника ја испробале и Јелена Карлеуша, Диди Јанковиќ, Ана Николиќ и други. Пејачката сега излегува без трошка шминка, а на социјалните мрежи се појави нејзина фотографија во сосема природно издание, пренесува информер.рс.