Supportkocani.com како иницијатива се создаде од сосема реални причини, откако разбравме за мајка чии две деца беа повредени во пожарот, дека бара финансиска помош, некако природно ни дојде да создадеме нешто што е во наш домен и на тој начин да придонесеме во ваквата ситуација, вели Дарко Стоилов дел од иницијативата supportkocani, која деновиве собра нешто повеќе од 16 милиони денари за настраданите во ужасот во Кочани.
- Како веб страна ја создадовме брзо и со помош на целиопт тим за релативно кратко време успеавме да ги собереме неопходните податоци за секоја од жртвите и пов редените, односно трансакциска сметка на која ќе можат граѓаните да донираат, објаснува Стоилов.
Нагласува дека изненадени се од големиот интерес за донирање и хуманоста на нашиот народ, додавајчи дека има повредени на чии сметки се собрани и повеќе од 500 илјади денари, а дел од родителите на чии сметки се собрани повеќе средства од неопходните, остатокот го пренаменуваат на сметки на останатите настрадани.
- Изненадува тоа што страната за само осум дена има 350 илјади уникатни прегледи, истата ја посетиле луѓе од 126 различни земји, најголем дел од Македонија, нагласува Дарко Ефремов, дел од тимот на supportkocani. Додава дека како тим веќе работат на изнаоѓање начин за рамномерна распределба на собраните средства, за што веќе размислуваат за воведување на како што вели т.н балансер.
Стоилов и Ефремов нагласуваат и дека изненадени се од фактот што најголем дел од собраните средства се донирани од луѓе во земјава а многу помал дел од дијаспората, макар што како што истакнуваат постојат и здруженија, претежно на нашинци низ Европа кои самоиницијативно собираат средства и ги прераспределуваат преку оваа платформа.
За иницијативата supportkocani, донациите, начинот на донирање, распределбата на средствата како и за плановите за идниот период, зборуваме со Дарко Ефремов и Дарко Стоилов во најновото издание на емисијата Стадион на Канал 77. Разговорот во целост на линкот подолу: