Струмица секогаш и секаде на врвот! Струмица со интегритет и без корупција! Работата од срце и со многу љубов и труд, одлични резултати.
Ова го напиша градоначалникот Костадин Костадинов, кој вели дека според последното истражување на Државната комисија за спречување на корупција, Струмица е на високото второ место на ранг листата на општини според процентот на исполнување и имплементантација на системот за интегритет.
-Под интегритет се подразбира законито, независно, непристрасно, етичко, одговорно и транспарентно вршење на работи со кои службените лица го чуваат својот углед и угледот на институцијата во која се одговорно лице, односно се вработени, ги елиминираат ризиците и ги отстрануваат сомневањата во можноста од настанување и развој на корупција и со тоа обезбедуваат доверба на граѓаните во вршењето на јавните функции и во работата на јавните институции. Продолжуваме уште повеќе и уште посилно во примерот за сите општини во државата, напиша Костадинов.