Полициски службеници од ОВР Виница привеле малолетничка од Виница по серија насилни инциденти во семејниот дом. Според полициските информации, таа прво го оштетила мопедот на нејзиниот татко, по што со тврди предмети физички ги нападнала него и нејзината мајка.
Инцидентот не завршил тука – при интервенција на полицијата, малолетничката физички нападнала и еден од службените лица кои вршеле службени дејствија.
Во присуство на родител, претставник од Центарот за социјални работи и адвокат, со неа бил извршен службен разговор. По целосното документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.