Хуманоста повторно покажа дека нема граници – Црвениот крст успеа да собере 54 милиони денари за поддршка на семејствата на жртвите и повредените во трагедијата што го потресе Кочани. Овој голем гест на солидарност е резултат на дарежливоста на граѓаните и компаниите кои несебично се вклучија во акцијата.
-Црвениот крст беше одреден како точка каде ќе се собираат средствата. За да се префрлат финансиските средства на корисниците, потребно е трансакциска сметка и матичен број. Потребна е писмена изјава на лицето кое го дава податокот. Во тек се подготовките. Црвениот крст успеа да ги собере податоците за починатите. Се договоривме за лицата кои се лекуваат во странство, податоците да ги соберат заедничките служби на Владата. Остатокот ќе го добиеме во текот на денот, информираа од Црвениот крст.

Од хуманитарната организација информираа дека во тек е финалната подготовка за распределба на средствата. Потребни се одредени административни процедури, како што се трансакциски сметки и лични податоци, за да се обезбеди брза и транспарентна исплата. Посебно внимание ќе се посвети на оние кои се на лекување во странство, за кои Владините служби веќе собираат податоци.
-Непочитувањето на Законот за лични податоци е исто дело како и секое друго дело. Мораме да ги почитуваме законите. Ова мора да биде вака како што е регулирано согласно законите во државата. Се уште е голем интересот за донација. Можеби ќе го завршиме денот со собрани 60 милиони денари. Во наредните два-три дена сите ќе ги добијат првични пари, а за остатокот имаме време после тоа да се договориме по која методологија и на кој начин. Одредени потешки случаи ќе добијат приоритет, кажаа од хуманитарната организација на прес-конференција.