Тежок злостор се случил во скопската населба Волково. Кираџија со неколку истрели го убил сопственикот на куќата во која живеел, а го повредил и малолетниот син на сопственикот, дознава Плусинфо.
Во очај и паника, убиецот се забарикадирал во една од собите, не дозволувајќи ѝ на полицијата да пристапи. По извесно време, со последен истрел ставил точка и на сопствениот живот.